Полициски претреси во становите на Груевски и на Јанакиески

Полициски претреси во становите на Груевски и на Јанакиески

Утрово се извршени претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп, а полициски претреси по налог на јавен обвинител се извршени во станови на Никола Груевски во Скопје, пишува „Слободен печат“. Според весникот, од јавното обвинителство потврдиле дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизирале за кои станува збор. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврдила дека е извршен претрес на дополнителниот имот на екс-премиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

Поради предметот „Плацеви на Водно“ пред две недели беше определена мерка притвор за бизнисменот Јордан Камчев како осомничен за кривично дело перење на пари.

Поранешниот премиер Никола Груевски во овој случај се товари дека овозможил со пари од партијата ВМРО ДПМНЕ да се купи земјиште на Водно. Освен Груевски, осомничени во предметот се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, мајката на Јордан Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот …