Скопје

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Митинзи во недела ќе има пред седиштето на Европската унија во Скопје и на плоштад „Македонија“, поради што се предвидува посебен режим на сообраќај

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР).

Поради партиски митинг во недела во 13 часот пред седиштето на Европската унија на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најавен е посебен режим на сообраќај на оваа улица, почнувајќи од 19 часот во сабота (20 април) до 21 часот во недела (21 април). За сообраќај ќе биде затворена улицата „Св. Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со булевар „Св. Климент Охридски“.

Во недела митинг ќе се одржи и на плоштадот „Македонија“ во главниот град. Поради ова, полицијата најавува посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

„За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните“, велат од МВР.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …