Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на смртна постела

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на смртна постела

Претставниците на Католичката црква ширум светот ги повикаа верниците да се молат за Бенедикт Шеснаесетти. Ватикан објави дека неговото здравје се влошува. Поранешниот црковен поглавар не сака да биде хоспитализиран.

Поглаварот на католичката црква, папата Франциско, во своето кусо обраќање вчера за време на генералната ауденција ги повика верниците да се молат за 95-годишниот Бенедикт кој, како што рече, е „многу болен“, а германските медиуми пренесуваат дека папата е на „смртна постела“. По аудиенцијата, папата Франциско го посети својот претходник.

Молитва на социјалните мрежи

На повикот за молитва се приклучија и високите свештеници и бискупиите на повеќе континенти. Бискупската конференција на САД, на пример, објави молитва за Бенедикт на Инстаграм, а претседателот на Француската бискупска конференција, исто така, се огласи на социјаните мрежи.

Папата Франциско (десно) со неговиот претходник на Светата столица Бенедикт 16 во август 2022
Папата Франциско (десно) со неговиот претходник на Светата столица Бенедикт, 16 август 2022

И келнскиот надбискуп, Рајнер Марија Волки, кого Бенедикт го постави за кардинал во 2012 година, се придружи на повикот за молитва, како и останатото свештенство.

Бенедикт очигледно не сака да биде сместен во болница

Според извештаите на новинската агенција Анса, 95-годишниот Бенедикт неколку дена имал проблеми со дишните патишта. Од Ватикан е соопштено дека здравствената состојба на Бенедикт се влошува и оти неговите витални функции се сѐ полоши, „вклучувајќи ја и функцијата на срцето“.

Вчера портпаролот на Ватикан соопшти дека ситуацијата е „под контрола“ и оти Бенедикт е под постојан лекарски надзор. Според претходните извештаи, тој не сака да биде хоспитализиран, а во неговата резиденција во некогашниот манастр Матер Еклезија во Ватиканските градини ја има сета потребна медицинска опрема.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …