Ерупција на Везув

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

И покрај тешката здравствена состојба во која се наоѓал грчкиот филозоф, тој имал енергија да критикува како неговата робинка ја свирела својата флејта

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се најде опис на последните часови од животот на грчкиот филозоф Платон, за кои не постоело информации досега, пренесува Гардијан.

Во дешифрираниот текст е опишано како Платон, кој иако веќе бил здравствено опаднат, сепак имал енергија да критикува како неговата робинка свирела на својата флејта. Според Платон, не ѝ бил добар осетот за ритам.

Дополнително, во текстот се имплицира дека Платон е погребан во градината на Академијата на Атина, првиот универзитет на светот, на кој Платон бил и основач. Досега само беше познато дека бил закопан некаде во Академијата.

Свитокот е еден од многу кој доаѓа од т.н. Вилата на папируси. Станува збор за една од најлуксузните куќи во стар Рим, во која имала голема колекција на свитоци од папирус. Таа, како и целиот древен град Херкуланеум, биле покриени со околу 30 метри вулкански пепел по ерупцијата на вулканот Везув во првиот век од нашата ера. Херкуланеум тек бил откриен во 18-от век.

Свитоците во вилата биле оштетени и скаменети од топлината на ерупцијата, поради што тешки за читање и одвиткување.

Но, во последните неколку години, со помош на технологија која користи вештачка интелигенција, свитоците виртуелно се „одвиткуваат“ и реконструираат. Првиот збор од свитоците од Вилата беше успешно прочитан во октомври – „виолетово“. Денешното откритие зборува за брзиот напредок при дешифрирањето на оваа колекција папируси.

Во свитокот за Платон пишува за тоа како тој бил продаден како роб во островот Егина во 404 или 399 година п.н.е. Претходно се сметало дека тој бил направен роб во 387 п.н.е. во Сицилија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наспроти протестите, Израел е во финалето на Евровизија

Наспроти протестите, Израел е во финалето на Евровизија

Израел се пласираше во финалето на Изборот за песна на Евровизија додека илјадници луѓе во …