ПОТПОРНИОТ ЅИД ОДИГРА ОГРОМНА УЛОГА ВО ОДНОС НА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО БИТОЛА

ПОТПОРНИОТ ЅИД ОДИГРА ОГРОМНА УЛОГА ВО ОДНОС НА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИТЕ ВО БИТОЛА

По обилните врнежи од дожд и водите кои надојдоа од Потпелистерието, наместа во Општина Битола се создадоа пробеми. Екипите на сите битолски јавни претпријатија, заедно со нивните раководители, од утринава се на терен и интервенрираат со своја механизација и работна рака. Еден од поголемите проблеми, кој веќе е саниран се создаде на ободниот канал, кој се излеа над населбата Ремо. Поради одредени физички препреки, беше попречено слободното движење на водата. Препреките се отстранети и веќе нема прелевање кај населбата БЛР1.

„Голем проблем има на дел од реката Драгор, кај пумпната станица на Водовод. Поради силниот налет на вода откинат е еден дел од брегот. За среќа голема помош во заштитата на оваа локација има новоизградениот заштитен ѕид кај пумпната станица на Водовод. Во моментов екипите на јавните претпријатија работат на санирање на последиците и затрупување со песок на откинатиот дел. Екипите на ЈП Комуналец се на терен во Острец, каде се очекува помош од механизација и луѓе и од фирмата Јоска транс, за санација на локалниот пат. Поплави има и во Породин, а таму се испратени екипи со механизација на ЈП Стрежево“, рече при увидот на терен градоначалничката Наташа Петровска, која воедно е и претседател на Општинскиот кризен штаб.

Екипите на битолските јавни претпријатија, по јавувања од граѓани, интервенирале и во домови, каде биле поплавени подрумски простории.

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …