Потпорните ѕидови на реката Пена кај тетовската болница ќе бидат готови до април

Потпорните ѕидови на реката Пена кај тетовската болница ќе бидат готови до април

Има 7 месеци откако започнаа градежните работи на потпорните sидови на реката Пена во близина на тетовската болница. Во ноември минатата година, од општина Тетово најавија дека овој проект ќе биде готов до крајот на декември. Поминаа три месеци, а потпорните ѕидови сè уште не се готови. Сега, од истата општина ни беше ветено дека овој проект ќе биде финализиран кон средината на април, пренесува „Порталб.мк“.

Од општина Тетово велат дека градежните работи ќе завршат кон средината на април, а според оптимистичкото сценарио, има шанси истите да бидат готови до 15 март.

– 80 отсто од работата на потпорните ѕидови во близина на тетовската болница се веќе завршени и останува само 20 отсто од работата, или завршниот дел од овој проект. Очекуваме овие работи да бидат финализирани до 15 април, иако фирмата изведувач вели дека ќе заврши на 15 март, бидејќи тогаш ќе се затвори зимската сезона – велат од општина Тетово.

На 6 август минатата година започнаа работите за изградба на потпорните ѕидови во близина на тетовската Клиничка болница,  проект вреден 20 милиони денари.

На 15 ноември 2019 година, новинарот на „Порталб.мк“ забележа дека работата е прекината, а од општина Тетово тогаш се оправдуваа дека работата е прекината поради зголемување на нивото на водата и ветија дека потпорните sидови ќе бидат готови до крајот на декември.

– Работите се прекинати како резултат на зголемувањето на нивото на водата што го спречува одвивањето на работите. Но, бидејќи работите се при крај, се очекува да завршат до крајот на декември – изјавија од општина Тетово на 15 ноември.

Бидејќи тоа не се случи, повторно прашавме во јануари, при што при што тие вината за неизвршување на проектот во месецот што го ветија ја префрлија на климатските услови, кои,според нив, „не им дозволувале на работниците да работат“.

Инаку, на почетокот на овој проект се зборуваше дека заштитните ѕидови на реката Пена ќе се градат во деловите за кои се смета дека се проблематични и се со поголем ризик за Клиничкиот центар. Проектот опфаќа регулирање на коритото во должина од 1 километар, односно по 500 метри од двете страни.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …