Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто.

Јавноста вчера сведочеше на нов дебакл на Сашо Мијалков и неговиот потрчко Христијан Мицкоски.

Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен.

Потонати се сите негови обиди да го одбрани криминалот и криминалците во својата партија.

Пропаднаа лажните обвинувања за „политички монтирани процеси“.

Исто како што не успеа ниту со блокирањето на Законот за преземање на пресметите од СЈО.

На секого му е јасно, Мицкоски во заложништво ја држи целата партија единствено за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите други сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред надлежните судови.

Падна во вода единствената мисија на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега патот на правдата е чист, секој има да понесе одговорност!

Почитувани,

Институциите, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, презедоа силна, координирана акција со која се обезбеди правдата.

Преку силен одговор на државата, бегалецот Сашо Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се педаде. Обезбеден е неговиот притвор.

Правдата ќе ја има се почесто, а почести ќе бидат и вакви одговори на институциите кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.

Обезбедувањето на присуството на бегалецот Мијалков не значи и ослободување на одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен до органите.

Очекуваме брза, ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кој довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти.

Дополнително, сите надлежни институции мора да имаат предвид дека навремено треба да се превенираат вакви обиди во иднина, имајќи предвид тежината на предметите за кои се водат судски постапки.

Редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритетит.

Одговор на новинарско прашање

Одговор: Ние секојдневно укажуваме на фактот дека единственото нешто што го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во обид да задржат некаква хармонија во партијата е со пласирање на таквите лажни вести и поднесување на неосновани интерпелации.
Знаеме веќе, сведоци сме во јавноста три години најавуваа дека имаат парламентарно мнозинство, еве најавуваа и пред некоја недела, но видовме дека првата интерпелација којашто беше за вицепремиерот Димитров помина неуспешно.
Јас тврдам дека мнозинството во парламентот е стабилно и таквите иницијативи на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе пропаднат.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ освен што промовираат проекти на СДСМ и одработуваат за интересите на Мицкоски не работат ништо

Соопштение за јавност на СДСМ Помина еден месец од одржаните локални избори, а градоначалниците од …