Преку денот облачно, попладне врнежи од дожд и снег

Преку денот облачно, попладне врнежи од дожд и снег

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 11 степени Целзиусови.

Поради продор на студена воздушна маса од север, следува период на се’ постудено време. Утре од попладнените часови, повторно ќе има врнежи и тие ќе бидат скоро насекаде од снег. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и особено југозападните делови, каде ќе бидат се’ пообилни и ќе се создаде снежна покривка и на пониските места. Во петок и за време на викендот ќе биде суво и студено. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде особено изразен во сабота и во недела.

Прочитајте повеќе

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба …