„Преку збор до срцето на жената“- мултимедијален настан во Ресен

„Преку збор до срцето на жената“- мултимедијален настан во Ресен

Синоќа во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, се одржа мултимедијалниот перформанс „Преку збор до срцето на жената“. На овој настан, беа презентирани повеќе дела од областа на поезијата и прозата, чија тема е жената, од страна на учениците од основните училишта во Преспа, како и од градинката 11 Септември од Ресен. Поезијата и прозата беше изведена на три јазици – македонски, турски и албански.

„Мултимедијалниот перформанс „Преку збор до срцето на жената“ е всушност продолжување на традицијата од минатата година, која започнавме да организираме одредена културна програма под покровителство на сопругата на градоначалникот Билјана Гошаревска, но сепак да биде во некое поинакво светло од она што редовно го правиме. И секако, кој би направил нешто почисто и поискрено од децата, кои своите стихови и песни им ги посветуваат на мајките, бабите, наставничките….нивниот збор се врежува длабоко во срцето на секоја жена. Затоа и вечерва, се надевам дека во срцата на сите присутни жени на овој настан, допреа зборовите од стиховите и расказите на учесниците на овој културен настан“, истакна директорот Васеко Василевски.

Музичкиот дел од програмата беше изведен од Кристијан Божиновски, ученик во Школата за пијано која работи под закрила на Домот на културата „Драги Тозија“. Организатор на настанот е библиотеката при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, која брои над 50.000 примероци во својот библиотечен фонд, со тенденција на постојан пораст.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …