Премиерот Ковачевски денеска учествува на 6 Париски мировен форум

Премиерот Ковачевски денеска учествува на 6 Париски мировен форум

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отворањето на 6-от Париски мировен форум. Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.

На Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски ќе се обрати на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзана имплементација на целите за одржлив развој”.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …