Премиерот Спaсовски во обиколка на новата операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Премиерот Спaсовски во обиколка на новата операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, присуствуваше на пуштањето во употреба на новата операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Останува определбата и во буџетската 2020 година, покрај во материјално-технички средства, да вложуваме и во човечки потенцијал. Со самото тоа што се зголемија многукратно платите за повеќе проценти на лекарите и здравствените работници и она што беше наша задача на Универзитетските клиники, платата за лекар да достигне 100.000 ден и да се зголемат платите на медицинските сестри и на вработените, генерално придонесува да јакне мотивацијата и да се вложат максимално да помогнат на државата и на граѓаните, истакна премиерот Спасовски.
Спасовски истакна дека и во наредниот период продолжува спроведувањето на политики кои овозможуваат квалитетно и модерно здравство за сите граѓани во Република Северна Македонија.
Притоа тој додаде дека останува определбата на Владата да ги подобрат условите за мотивирање на медицинскиот персонал да остане и оние што заминале да се вратат во нашата земја.
„Ќе кажам уште еден куриозитет. Успеавме на оваа Клиника да вратиме еден врвен експерт кој што беше замина и работеше во Обединетите Арапски Емирати и гледајќи ги овие процеси сакаше да се врати назад и да придонесе со својата експертиза за да биде дел повторно од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија“, рече министерот Филипче, информирајќи дека според анкетите над 60 проценти од студентите кои што се на завршната година на медицинскиот факултет имаат желба и иднината ја гледаат овде во земјата.
Директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи информираше дека новата операциона сала е една од најсовремените операциони сали во нашата држава и регионот и ги исполнува највисоките стандарди за пружање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните.
Присутните констатираа дека денешната обиколка на современата операциона сала покажува дека успешните проекти се можни, а тоа го докажува и фактот што во изминатите две години се реконструирани 15 одделенија и медицински објекти и уште еднаш беше повторена поддршката сите клиники да инвестираат во инфраструктурата каде што е најпотребно.

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …