Девизните резерви ни се на рекордно ниво од 3,2 милијарди евра

Девизните резерви ни се на рекордно ниво од 3,2 милијарди евра

Состојбата на бруто девизните резерви на 31 декември 2019 година изнесува 3,26 милијарди евра, што во однос на крајот од третото тримесечје од минатата година претставува пораст од 135,1 милион евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Притоа, трансакциите за сметка на државата, како и интервенциите на Народната банка на девизниот пазар со откуп на девизи делуваа позитивно врз нивото на девизни резерви“, се вели во јануарскиот извештај за макроекономските показатели на Народната банка.

Девизните резерви ни се на рекордно ниво од 3,2 милијарди евра

Оттаму обајснуваат дека во октомври 2019 година, државата се задолжила кај Светската банка со заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност во износ од 125 милиони евра, што довело до пораст на резервите.

Девизните резерви ни се на рекордно ниво од 3,2 милијарди евра

„Останатите текови имаа поумерено влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период. Во четвртиот квартал од 2019 година, на девизниот пазар на банките е остварена нето-продажба на девизи од 83,8 милиони евра, што е повеќе за 61,8 милиони евра од истиот период од минатата година. Ваквата годишна промена се должи на повисокиот пораст на побарувачката во однос на растот на понудата на девизи“, информираат од Народната банка.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …