Премиерот Заев и министерот Филипче на средба со претставници од дејноста прослави и свадби

Премиерот Заев и министерот Филипче на средба со претставници од дејноста прослави и свадби

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, од претставник на Комисијата за заразни болести и од националните координатори за култура и за комуникации, попладнево одржа работен состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите кои настапуваат на естрадата.

На средбата засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје. Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрираа запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.

После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба  дијалогот е започнат и дека во периодот којшто следува претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.

Заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови кога коронавирусот e во експанзија насекаде низ регионот и Европа, да се оневозможат услови за дополнително зголемување на бројот на заболени и со тоа на бројот на смртни случаеви, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …