Премиерот Заев и вицепремиерот Николовски со писмо до Собранието: Борбата против корупцијата е целта околу која мора да се обединиме

Премиерот Заев и вицепремиерот Николовски со писмо до Собранието: Борбата против корупцијата е целта околу која мора да се обединиме

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, доставија писмо упатено до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и до целиот пратенички состав, за важноста на законодавниот дом во процесите поврзани со борбата против корупцијата и криминалот.

Во писмото се посочува на потребата од единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со Акцискиот план за нејзино функционирање како и за потребните законски измени поврзани за навремена реализација на дел од мерките од оперативниот План за борба против корупција.

„Тргнуваме од потребата да се елиминираат пречките и да го унапредиме системот, односно да обезбедиме институциите секогаш да стојат во првите борбени редови против корупцијата. Институциите да обезбедат укажување, спречување, препознавање и санкционирање секаков вид корупција во сите редови на власта без исклучок. Со ова писмо Ви се обраќаме Вам, почитувани пратеници, како клучна алка за донесувањето на потребната законска рамка и регулатива и како одговорни за контролата и надзорот врз институциите на извршната власт и на независните тела, со апел и молба да ги приоретизирате овие процеси и да дадете дополнителен импулс кој ќе го помогне системското справување со корупцијата“, стои во писмото од премиерот Заев и вицепремиерот Николовски.

Воедно, во писмото, премиерот Заев и вицепремиерот Николовски, изразуваат благодарност до сите пратеници, за досегашните напори, со апел за уште посилен интензитет за поддршка и учество во реформскиот процес за европеизација, напредок, развој и имплементација на европското законодавство, за владеење на правото и за бескомпромисна борба против корупцијата.

„Поддршката на законските измени кои произлегуваат од Планот за борба против корупција, но и на Националната стратегија, со консензус, ќе прати јасна и недвосмислена порака кон граѓаните чија доверба ја имаме токму за ваквата борба за подобар живот. Таков консензуален чекор ќе биде чуен и виден од граѓаните како државнички и одговорен. Но, ќе ја покаже и спремноста на сите видови власти да застанат на иста страна со граѓаните “, се посочува во писмото.

Владата на Република Северна Македонија на ден 02.03.2021 година, на 50-тата седница, го усвои оперативниот документ „План за борба против корупцијата”, како дел од приоритетите од „Акција 21 – Европски стандарди дома“. Овој оперативен документ има за цел преку системски мерки да придонесе во спречувањето и искоренувањето на корупцијата. Неговата имплементација во голема мера зависи од одредени законски измени коишто се потребни за спроведување на Планот, а во исто време и во дел од усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за што е потребна вклученоста на Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Денеска преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските …