Премиерот Заев утре ќе учествува на годинешниот Самит во Солун

Премиерот Заев утре ќе учествува на годинешниот Самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе учествува на годинешниот Самит во Солун, кој под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос ќе се одржи на 14 и 15 ноември.
Премиерот Заев на овој самит е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да земат учество на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток навечер, на 14 ноември.

Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво и Американско-грчката стопанска комора.

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …