Премиерот Заев во Делчево на почетокот на градежните работи за изградба на современ градски пазар

Премиерот Заев во Делчево на почетокот на градежните работи за изградба на современ градски пазар

Во присуство на премиерот на РСМ, Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата , Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски,како и претставници од институции и граѓани, денеска во Делчево се означи почетокот на изградбата на современиот градски пазар кој е капитален проект за Делчево и за целиот регион.

Градскиот пазар кој е проектиран на површина на градежна парцела од 11. 599 м2 и површина за градење-  6 944 м2 е неопходнапотребаза Делчево како погранично место и проекткојимарегионалнозначење,истакна градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

Целта е да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, во смисла отворен и затворен дел, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на најразновидната стока, како и соодветен паркинг- простор. Дополнително , овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби. Реализацијата на овој проект, како и на сите претходно реализирани капитални инвестиции во Делчево ќе сведочат за генерации и генерации делчевци за одговорното и посветено работење. Многу пати сум истакнал и сега ќе повторам дека Делчево е школски пример како одговорната локална власт и одговорната централна власт, нивната кохезија и следењето на заедничкиот интерес, дава резултати за граѓаните,порача Трајковски.

Вкупната вредност на проектот е околу 33,5 милиони денари, средства обезбедени од владини институции и дел од општинскиот Буџет, а градежните работи во двете фази од изградбата се очекува да завршат за период од една година.

Изградбата на современиот градски пазар ќе биде уште едно место двигател на локалната економија во Општина Делчево, рече во своето обраќање премиерот Заев и додаде дека развиени општини значат силна економија.

– Во таа насока, Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво. За таа цел започнавме реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку реализирање на 3 главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење.  Владата со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции спроведува проекти, конкретно насочени кон развој на општините. Главната цел  е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, истакна Заев.

 Премиерот потенцираше дека во текот на минатата година, се реализирани 99 проценти од планираните капитални инвестиции за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП кој го спроведува Министерството за финансии.

-Во 2021 година, преку овој проект  ќе се реализираат капитални инвестиции во износ од 800 милиони денари. Во рамки на годинашниот буџет, предвидено е да започне реализација на повеќе проекти, меѓу кои и оној за подобрување на енергетската ефикасност во државата. Со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, 25 милиони евра ќе се доделуваат на општините и на јавните здравствени установи за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на јавните згради. Преку Проектот за локални патишта, седумдесет милиони евра се наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош од  500.000 евра до 2 милиони евра по општина се дејствува кон подобрување на локалната инфраструктура во општините, рече Заев.

Премиерот Заев истакна дека Владата продолжува да поддржува трајни добра како изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа,  канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи,  за подобрување на животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …