Премиерот Заев во официјална посета на Словенија заедно со поголема бизнис делегација од земјата

Претседателот на Владата на Република  Северна Македонија Зоран Заев на 27 и 28 мај ќе престојува во официјална посета на Република Словенија и ќе предводи владина делегација во состав заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Во рамки на дводневната посета на Словенија, заедно со владината делегација ќе престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори на Република Северна Македонија, кои заедно со своите колеги од Словенија ќе се сретнат и ќе разговараат за соработка во рамките на Бизнис Форумот што го организираат двете земји. Предвидено е Бизнис форумот да биде отворен со обраќања на двајцата премиери, Шарец и Заев.

Премиерот Заев ќе има билатерална средба со својот колега, Претседателот на Владата на Словенија, Марјан Шарец, а ќе биде примен и од Претседателот на Словенија, Борут Пахор и од Претседателот на Државниот збор на Словенија, Дејан Жидан. Предвидена е и заедничка прес конференција на двајцата премиери Заев и Шарец.

Во пресрет на официјалната посета премиерот Заев ќе има свое воведно обраќање на јавна дебата и предавање организирано од меѓународниот институт ИФИМЕС на тема „Република Северна Македонија приказна за успехот“.

Вицепремиерот Анѓушев ќе оствари неколку одделни средби со словенечки компании на кои ќе се разговара за инвестициската клима и поддршката што земјата ја пружа за нови инвестиции.

Премиерот Заев е придружуван од неговата сопруга Зорица Заева која заедно со сопругата на премиерот Марјан Шарец, Барбара Искра Шарец ќе има одвоена програма.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …