Премиерот Зоран Заев испрати телеграма со сочувство за смртта на Горан Стефановски

Премиерот Зоран Заев испрати телеграма со сочувство за смртта на Горан Стефановски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев испрати телеграма со сочувство за смртта на драмскиот писател Горан Стефановски. Во телеграмата до неговото семејство, премиерот Заев пишува:

Замина нашиот Горан Стефановски.

Нема зборови да ја изразат тагата. Како да ги зеде со себе кога замина зашто тој беше господар на зборовите.

Колекционер на човечкиот гнев, на надежите, подемите и падовите, кои потоа со толку голема љубов ги редеше во своите драмски записи и како од најубави нишки ја плетеше хрониката за  нашето време.

Ни откриваше дека неговите драмски ликови се сите лица и илјадниците нијанси на Македонија и ни даваше причини токму заради тоа да ја љубиме уште повеќе.

Неговите рожби, драмските херои на нашето време, заминаа да го испратат на неговото последно патување.

Затоа сега сцената е празна, книгата е на последната страница, а тишината е толку силна и болна.

Но, ќе се вратат, сцената ќе се осветли, а дијалозите на неговите драмски рожби ќе блеснат со сета своја полнота за да говорат за тивкиот човек кој секогаш остана нашиот сосед и лик од нашата улица кој не пленеше сите со својата топла, искрена насмевка.

До тогаш – нека завладее громоболната тишина зашто нема зборови за да ја изразат тагата и сочувството за вашата болка.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …