Препораки на ЈКП „Комуналец“ за време на одржувањето на „Пивофест 2019“

Препораки на ЈКП „Комуналец“ за време на одржувањето на „Пивофест 2019“

Во пресрет на почетокот на „Пивофест 2019“, од ЈКП „Комуналец“ е издадена согласност за поставување времени локации за собирање и отстранување отпад, одржување на хигиената за време на настанот од 15.07.2019 до 22.07.2019 година до 14 часот. За време на фестивалот, јавното претпријатие  ќе врши собирање, селекција, транспортирање и депонирање на отпадот. Во истиот период  ќе врши  чистење и миење на  просторот. За овој временски период ќе бидат ангажирани околу  70 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.

Единицата за селекција на отпад ќе започнува со работа во 03:00 часот наутро, единиците за јавна хигиена, паркови и зеленило во 04:00 часот, додека единицата за подигање, транспортирање и депонирање на отпад ќе почнува со работа во 05:00 часот наутро.  По барање на МВР, од централното градско подрачје ќе бидат дислоцирани контејнерите и корпите за отпадоци .

Тековно се врши комплетно перење на улиците, тротоарите и плоштадите во централното градско подрачје, како и темелно чистење и миење на  улиците: „Александар Македонски“, „Пити Гули“, булевар „Гоце Делчев“, „Цар Самоил“, „Димо Наредникот“, „Прилепски бранители“, „Егејска“, „Ленин“, „Мице Козар“,  „Васко Карангелески“, „11 октомври“ и дел од улицата „Кузман Јосифоски“.

ЈКП „Комуналец“ е одговорен за одржување на хигиената на сите јавни простори, но не и на просторот внатре во штандовите. Сопствениците на штандови, хигиената во закупениот простор треба сами да ја одржуваат. Организаторот ги информира сопствениците на штандови, дека чистењето и метењето на штандовите треба да го извршат рано наутро, отпадот да биде собран во проѕирни  најлонски вреќи кој, согласно правилата и препораките на МВР, не треба да се изнесува околу штандовите и до дрворедите од причина што подигнувачите на отпад ќе поминуваат на секој штанд  најмалку 6 пати во текот на денот.

Сопствениците на штандови се должни да набават проѕирни најлонски вреќи за отпад, согласно правилата  од МВР. Големи контејнери се поставени позади објектите на „Комерцијална банка“, зад Бизнис центарот и после семафорите, од спротивна страна на улицата  кај „Палма шоп“.

Паркирање на возила, дотур на стоки и паркирање на разладни возила не смее да се врши на зелените површини. Да се внимава со секој транспорт да не се уништуваат патеките, ивичниците и зелените површини.

Организаторите се должни да воспостават ред со нелегалните продавачи и сопственици на тезги, кои неконтролирано ги уништуваат зелените површини, да го информираат Центарот за јавно здравј со цел после миењето на просторот со истерна, да врши секојдневна дезинфекција на просторот околу времено поcтавените WC. Дезинфекцијата ќе се извршува секој ден во 07:00 часот наутро.

После завршувањето на манифестацијата, ќе се изврши комплетно генерално чистење на  просторот каде таа се одржува, а зелените површини за 20 дена ќе бидат доведени во првобитната состојба.

Прочитајте повеќе

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Јулија Навалнаја ја продолжува работата на својот сопруг, рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во …