Прес на портпаролите на Владата: Макрадули е разрешен заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на нејзиниот менаџмент

Прес на портпаролите на Владата: Макрадули е разрешен заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на нејзиниот менаџмент

Во контекст на олеснување на мерките за заштита од КОВИД-19, како што на денешната прес конференција посочија портпаролите на Владата Душко Арсовски и Муамет Хоџа, Владата на вчерашната седница донесла одлука да престане да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

Владата исто така ја укина и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати.

На новинарско прашање за причините за разрешување на генералниот директорот на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули и директорот на ФЗО Стево Крстевски, беше информирано дека Владата му препорача на надзорниот одбор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ да го разреши Јани Макрадули од функцијата генерален директор заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на нејзиниот менаџмент, додека директорот на ФЗО Стево Крстевски, како што посочија, дал оставка од приватни причини.

Портпаролите информираа дека на седницата Владата го разреши од должноста директорот на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. За в.д. претседател на Инспекцискиот совет Владата ја именуваше Даниела Рендевска.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …