Пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 осуден на 9 години затвор, Ременски ослободена од обвинението

Пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 осуден на 9 години затвор, Ременски ослободена од обвинението

Условна казна од судот доби таткото на Боки 13, Миле Јовановски. Заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Ерцеговиќ, пак, е осудена на 4 години затвор.

Основниот кривичен суд во Скопје го осуди Бојан Јовановски, познат како Боки -13 , на девет години затвор за измама и перење пари, како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Судот ја ослободи поранешната министерка и пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, поради немање докази дека била инволвирана во случајот. Таа беше обвинета за помагање во делото измама.

„Јавниот обвинител не докажа дека обвинетата Ременски го сторила делото за кое се гонеше“, рече судијката.

Заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Ерцеговиќ, судот ја осуди на казна затвор од 4 години, во која ќе и биде пресметано и времето поминато во притвор од 2019 година. Асистентката на Боки-13, Христина Блажевска е осудена на казна затвор од една година за помагање. Таа беше ослободена од вина за кривичното дело измама, но беше прогласена за виновна за помагање за „перење пари“. „Меѓународен сојуз“, ќе треба да плати еден милион денари.

Судот на таткото на Бојан Јовановски, Миле му изрече условна казна. Тој беше петтообвинет во случајот. За него обвинителството тврдеше дека помагал во кривичното дело перење пари, а беше гонет и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година Боки 13, како претседател на „Меѓународен сојуз“ ги измамил бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 700 илјади луѓе, а Амзоски 200 илјади евра.

Според обвинението Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата.

Обвинетите во текот на судскиот процес кој траеше 1,5 година, тврдеа дека станува збор за реални проекти, а не за измама.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Во интерес на безбедноста на сите граѓани, а посебно за безбедно прославување на матурските и …