Претпладне облачно време со магла, вечерва со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини.

Кон крајот на денот и на преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од -1 до -5, а дневната температура од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла. Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до осум Целзиусови степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а за време на викендот се очекува нов влажен бран.

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …