Метео Сончево

Претпладне сончево и топло време, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес во текот на претпладневните часови, не очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Под влијание на влажна и нестабилна маса денес попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Прочитајте повеќе

Цвета Ристовска поднесе оставка од ДКСК

Цвета Ристовска поднесе оставка од ДКСК

„Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот …