Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

На церемонијата на предавање на акредитивите истакна, Пендаровски истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи, двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и дека е постигнат успешен развој на билатералните односи во повеќе сфери на општественото живеење. Претседателот изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог на сите нивоа, како и збогатување на соработката во сферата на економијата, инвестициите, екологијата, туризмот и други сфери од заемен интерес. „Наскоро, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-тиот член на НАТО алијансата и сигурен сум дека во иднина тоа ќе претставува дополнителен мост на поврзување меѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка како партнери и сојузници“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот изрази голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Норвешка, која e силен промотор на евроатлантските интегративни процеси и истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на остварувањето на своите стратешки приоритети. „Убедени сме дека европската и евроатлантската перспектива е гаранција за просперитет, стабилност и благостојбата на Балканот. Во овој контекст, високо го цениме интересот и присуството на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион“, истакна претседателот Пендаровски во својот говор.

Амбасадорот Јелстад рече дека билатералните односи се одлични и продолжуваат да се развиваат на многу цврста основа на историското пријателство меѓу двете земји и нагласи дека е постигнат напредок во областа на економијата. Тој, посочувајќи го заедничкото распоредување во ИСАФ, како важен елемент за натамошно зајакнување на одличните билатерални односи, оцени дека реформите во одбраната се високо на заедничкатa агенда на двете земји. „Норвешка со нетрпение очекува да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО“, изјави новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка.

Амбасадорот Јелстад нагласи дека во изминатите 19 години, Норвешка обезбеди повеќе од 125 милиони евра помош за Северна Македонија и дека ќе продолжи да ги поддржува напорите на земјава за евроатлантска интеграција преку заеднички програми во рамките на клучните општествени сектори.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …