Претседателот Пендаровски на Парискиот мировен форум, закажани средби со Макрон и Гутереш

Претседателот Пендаровски на Парискиот мировен форум, закажани средби со Макрон и Гутереш

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска ќе престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на Парискиот мировен форум.

Вечерва Претседателот Пендаровски ќе присуствува на вечерата во Елисејската палата, што францускиот претседател Емануел Макрон ја приредува за шефовите на држави и меѓународни организации кои се дел од Парискиот форум за мир, а утре се очекува да има средба со францускиот претседател Макрон.

Утре, 12 ноември, претседателот Пендаровски ќе има свое обраќање на Парискиот форум за мир, осврнувајќи се на регионалната безбедност.

Во рамки на Форумот, Пендаровски ќе оствари средби и со Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, австриската канцеларка Бригит Биерлејн, како и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …