Претседателот Пендаровски во посета на фабриката на „Витаминка Трејд“ во Косово

Претседателот Пендаровски во посета на фабриката на „Витаминка Трејд“ во Косово

Претседателот Стево Пендаровски, за време на официјалната посета на Република Косово ја посети фабриката на „Витаминка Трејд“, која е лоцирана во Грачаница и претставува прва македонско-косовска инвестиција.

За време на посетата, претседателот оствари средба со Расим Мрљаку, почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Косово и косопственик и директор на „Витминка Трејд“.

Мрљаку го запозна претседателот Пендаровски со бизнис климата во Косово, поволностите и можностите со кои располагаат странските инвеститори.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка на севкупната економска соработка меѓу Северна Македонија и Косово и посочи дека честите контакти и средби на бизнис заедниците на двете земји се одлична можност за унапредување на досегашните економски односи.

За периодот јануари-август 2021 година Косово е рангирано на 11-то место на листата на земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена, и на 3-то место по извоз од нашата земја.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …