Пендаровски

Претседателот Пендаровски во Прилеп на конференција на тема „Дигитализација“, во организација на француската амбасада и Францускиот институт

Претседателот Стево Пендаровски, утре, четврток 31 март, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се обрати на конференција на тема „Дигитализација“, која е во организација на амбасадата на Француската Република и Францускиот институт во Скопје.

Конференцијата која се реализира во рамки на активностите поврзани со француското претседателство со Советот на Европската Унија, ќе биде отворена со поздравно обраќање на градоначалникот на општина Прилеп,  Борче Јовчески.

Покрај претседателот Стево Пендаровски, свои излагања ќе имаат Сирил Бомгартнер, амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија, Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудио-визуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во Гугл и поранешен Генерален директор на ARCEP.

На панел дискусијата е предвидена размена на мислења со млади, студенти од Економскиот факултет – Прилеп и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од Скопје, франкофони средношколци од Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп, од Гимназијата „Кирил и Методиј“ – Неготино, од Средното економско училиште „Васил Aнтевски Дрен“ – Скопје, како и претставници од Коалицијата на младински организации СЕГА и од Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан – РИКО.

За време на посетата на општина Прилеп, претседателот Пендаровски и амбасадорот Бомгартнер ќе остварат средба со градоначалникот  Јовчески.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …