Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Утре, 31 март 2020 година, вторник, со почеток во 14:00 часот, во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …