Претставници на здруженија од Бугарија, Шпанија и Македонија како дел од проектот „Мобилност: Патот напред“, во посета на Крушево

Претставници на здруженија од Бугарија, Шпанија и Македонија како дел од проектот „Мобилност: Патот напред“, во посета на Крушево

Во рамки на проектот „Мобилност: Патот напред“, денеска во посета на СОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево, како и на спомен-куќата „Тодор Проески“, се наоѓаат претставници на здруженија од и од нашата земја.

Проектот има за цел да ја намали стапката на прерано напуштање на образованието, а овој проблем го адресира преку меѓусекторско вмрежување за соработка и адресирање на проблемот.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски се сретна со претставниците на иницијативата и изрази подготвеност за соработка и за имплементација на проектот.

„Ова е многу важен проект кој адресира горлив проблем. Образованието е важен дел од иднината на една општина, држава и општество. Драго ми е што Крушево и крушевското средно училиште се запознаваат со овој проект, а самите претставници ќе се запознаат со состојбата со образованието во Крушево“, изјави градоначалникот Христоски.

Гостите разговараа со директорката на СОУ „Наум Наумовски-Борче“, Снежана Миленковска која ги информираше за бројот на ученици, тековните проекти во училиштето и за целосниот секојдневен процес на одржување на настава.

Претставници на здруженија од Бугарија, Шпанија и Македонија како дел од проектот „Мобилност: Патот напред“, во посета на Крушево

Проектот е финансиран од ЕУ, а имплементиран од Здружение Европско Граѓанско, Акција – Битола, Центар за образовна интеграција на деца и студенти од етнички малцинства, Софија, Бугарија и Ц.Е.И.П Сан Карлос, Мадрид, Шпанија.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …