Претстојниот викенд за прв пат ноќно скијање во Крушево

Претстојниот викенд за прв пат ноќно скијање во Крушево

Овој викенд туристите заедно со крушевчани, за прв пат ќе можат да скијаат на ски терените во вечерните часови.

Општина Крушево заедно со менаџментот на ски терените „Станич“, ги подготвија терените со нови ЛЕД сијалици. Расчистени и подготвени за ноќни скијање се патеките, а жичарницата и ски лифтовите ќе работат во текот на целиот ден. Вечерното скијање ќе започне во 17:00 и ќе трае до 21:00 часот.

„Поставено е ново лед осветлување на скијачките терени ‘Станич’. Овој викенд започнуваме со ноќно скијање, заедно со бизнис субјектот одговорен за менаџирање на ски терените. Само со нови и разнолични содржини ќе дојдеме до подобар локален економски развој и привлекување на домашни туристи. Почитувајќи ги протоколите, ќе се прилагодуваме на новото нормално. На наше големо задоволство и на задоволство на жителите на Крушево и на туристите, овој викенд ќе се одржи првото ноќно скијање во Крушево“, вели градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …