Информација за јавност од СВР Битола
На подрачјето на Битола од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола за периодот од првите шест месеци оваа година по член 215 и 216 од Кривичниот законик, а во врска недозволена трговија со дрога и употреба на наркотични средства на подрачје на Битола поднесени се вкупно 28 кривични пријави за сторени 37 кривични дела против 38 сторители.
Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола пронајдени и одземени биле различни видови дрога, и тоа: марихуана, хероин, кокаин, семки од канабис сатива, амфетамин, метамфетамини,таблети МДМА,таблети дијазепами,трамадоли и др.
Воедно, поднесени се 2 кривични пријави по чл.95-в од Законот за опојни дроги против 4 сторители.
Исто така, поднесени се и 37 барања за поведување на прекршочна постапка по чл.20 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир против 43 сторители.
Од страна на инспекторите во криминалистичката полиција извршени биле 29 претреси во домови и други простории, при што лишени од слобода и приведени во полициска станица биле 95 лица.
Ако направиме споредба со истиот период минатата 2022 година, во овие шест месеци од 2023 година бележиме поголема активност во откривачката дејност и во однос на поднесоците.
СВР Битола ќе продолжи со несмалено темпо со мерките и активностите во спречувањето на шверцот со дрога и наркотични средства.