Прилеп: 8 новозаболени од КОВИД-19, денеска и утре акција за дезинфекција на улиците, јавните површини и влезовите во зградите
DCIM100MEDIADJI_0020.JPG

Прилеп: 8 новозаболени од КОВИД-19, денеска и утре акција за дезинфекција на улиците, јавните површини и влезовите во зградите

Денеска во општина Прилеп се регистрирани 8 новозаболени лица од коронвирус.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 284 лица. Во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час.

Денеска, веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните во 15.00 часот, ќе започне акција за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот. Акцијата ќе биде реализирана со волонтери од Прилеп и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучително и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

За таа цел, се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици и поголема ефикасност во нивната дезинфекција.

Акцијата продолжува и утре, недела 26 април во 10.00 часот, кога триесетина волонтери на Општина Прилеп ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите згради во градот.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …