Прилеп: Известување од градоначалникот Јованоски за итно постапување по мерките за заштита од коронавирусот

Прилеп: Известување од градоначалникот Јованоски за итно постапување по мерките за заштита од коронавирусот

Известување од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски за итно постапување согласно мерките за претпазливост и заштита на граѓаните на територија на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус):

Почнувајќи од денеска, се задолжуваат сите стопански субјекти на територијата на општина Прилеп кои имаат обезбеден сопствен превоз за своите вработени, да се врши дезинфекција на превозните средства, повеќекратно во текот на денот и веднаш да се изврши редуцирање на редоследот на седење на вработените во автобусите, минибусите и останатите превозни средства со кои располагаат стопанските субјекти.

Истовремено, се’ уште важат и ќе продолжат да важат мерките на претпазливост дадени од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Оваа мерка стапува на сила веднаш, со цел да се заштити населението на територија на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус).

Прочитајте повеќе

Матуранти матура

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Државната матура 2025 година ќе се полага во амфитеатрите на пет државни универзитети со цел …