Прилеп стана полноправен член на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир

Прилеп стана полноправен член на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир

Од 26 до 28 септември, делегација на општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, учествуваше на 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево. На собранието Прилеп стана полноправен член на оваа меѓународна асоцијација, во која членуваат уште 113 други градови од светот.

Она што на средбата со новинарите го истакна градоначалникот Јованоски, беше дека темите за кои се разговарало на Генералното собрание биле поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, промоција на културата за мир во 21 век со ставање акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање на инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Прилеп стана полноправен член на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир„На 30.Генерално собрание беа донесени три заклучоци: заложби за максимална толеранција помеѓу граѓаните, посебно меѓу граѓаните на соседните држави, потоа создавање инклузивни, безбедни и одржливи градови како и промоција на културата на мир во 21 век, наспроти заговорите за војна, со посебен акцент на социјалниот прогрес, економскиот раст и развој и заштитата на животната средина“, информираше Јованоски.

Присуството на овој значаен настан, градоначалникот Јованоски го искористи за остварување повеќе билатерални средби со градоначалници и претставници на неколку градови, меѓу кои од посебно значење е средбата со градоначалникот на Сараево, Абдулах Скака.

„На средбата разговаравме за можностите за учество во заеднички проекти, за соработката на економски план, соработка во спортот и културата, при што беше актуализирана идејата да се збратимиме со општината Ново Сараево. За таа цел, се договоривме за брзо време да оствариме уште една средба со сараевскиот градоначалник и градоначалникот на Ново Сараево, при што ќе бидат прецизирани деталите за збратимувањето на двата града“, потенцираше Јованоски.

На собранието свое излагање проследено со видео презентација имаше и градоначалникот Јованоски, кој на присутните им ги презентираше природните богатства, културно-историското наследство и можностите за инвестирање кои ги нуди општина Прилеп.

Согласно стандардите на Меѓународната асоцијација за градење и промоција на мирот, Прилеп доби плакета за град носител на пораката за мир.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …