Прилепско културно лето – концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани

Прилепско културно лето – концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани

Под мотото „Со  песна и оро до височините“, во четврток 29 август со почеток во 20.00 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани.

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности.

Формирано е под името „Печалбар“, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност.

Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии, го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во нашата држава. Покрај изворниот фолклор, на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореографски обработки од сите играорни подрачја на Македонија. Друштвото денес брои 175 активни членови на возраст од 7 до 55 години, распоредени во составите кои работат во рамките на друштвото: фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар.

КУД „Дримкол“ веќе неколку години е класифицирано како друштво од прва категорија во рамките на Министерството за култура, класификација која од една страна претставува признание за долгогодишната успешна работа, а од друга и мотив за поголем придонес во развојот на македонската култура и традиција.

Концертот е во рамките на Прилепското културно лето и е во програмата на ЦК „Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …