Пристигнаа првите 24.000 вакцини преку Ковакс-механизмот

Пристигнаа првите 24.000 вакцини преку Ковакс-механизмот

На скопскиот аеродром, во присуство на дипломатскиот кор, претставници на СЗО и УНИЦЕФ, утрово пристигна првата пратка со 24.000 вакцини „Оксфорд/АстраЗенека“, истовремено и првата пратка вакцини добиени преку Ковакс-механизмот. Со овие вакцини, ќе започне масовната вакцинација на населението. До крајот на месец април, се очекува да пристигнат уште 76.000 вакцини преку истиот механизам, според најавите треба да пристигнат и останатите нарачани вакцини. Местото за масовна имунизација ќе биде салата „Борис Трајковски” во Скопје.

Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, најпрво ќе се вакцинираат околу 20.000 граѓани над 75 годишна возраст и хронично болни.

Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во фрижидерите кои веќе постојат во вакциналните пункотови во здравствените домови поради тоа што ова вакцина што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму, рече Филипче

Тој додаде дека во секој здравстевн има опрема и вакцинален пункт што овозможува вакцинацијата против ковид-19 да се спроведува во секој град како што се спроведува и редовната вакцинација.

„Во развивање на ковакс механизмот инвестираа и учествуваа многу држави во светот, СЗО, Глобалната алијанса за имунизација со цел да имаме еднаква и правична распределба на вакцините ширум светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји клои го поддржаа овој систем посебно на претставниците на пријателските земји за нас кои се денеска тука со нас САД, Германија, Велика Британија, Франција, како и на претставниците и на СЗО и на УНИЦЕФ со чија помош го организиравме целокупниот систем за транспорт за прием и понатаму за користење на овие вакцини, а врз основа на искуствата на сите земји каде што се користат“, рече Филипче.

Сега, посочи, сме целосно посветени системот на имунизација да се спроведе брзо и ефиаксно, имаме најави и за пристигнување на други вакцини во текот на овој месец, очигледно очекувањата во делот на времето не се исполнија, но имајќи предвид дека е огромна побарувачката, добро е што системот покажа дека функцонира така како што е замислен и дека ќе продолжи да функционира на овој начин за да знаеме во следните месеци колку вакцини може да стигнат преку ковакс системот за едноставно процесот на имунизација кога ќе започне да има континуитет, изјави Филипче.

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, по пристигнувањето на вакцините на аеродромот во Скопје на социјалните мрежи ја поздрави работата на Министерството за здравство, и на канцелариите на УНИУЦЕФ и на СЗО во земјата.

„Обединетото Кралство ќе продолжи да го поддржува КОВАКС за да се стави крај на пандемијата на корона вирусот. Никој од нас не е безбеден додека сите не бидеме безбедни“, напиша Галовеј.

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …