банкноти пари плата пензии буџет долг Долговите

Приведени двајца велешани кои изработувале фалсификувани банкноти

Двајца велешани се лишени од слобода откако се обиделе на купат производи со фалсификувани банкноти, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што обзнани министерството, В.М (21) и Д.Р (20) вчера на пазарот во Велес се обиделе да купат производи со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Продавачот тоа го забележал и го пријавил во полиција.

Двајцата велешани побегнале од местото, но биле пронајдени и лишени од слобода. Полицијата информираше дека при претрес во нивните домови биле пронајдени и други фалсификувани банкноти, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале лажните пари.

„Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари“, соопшти МВР, од каде додаваат дека по целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Македонските ученици речиси „неписмени“, покажа меѓународно тестирање по математика и природни науки

Од 58 држави, во математичка писменост, македонските ученици се на 44 место. Во природни науки …