Продолжи судењето за „Плацевите на Водно“, Мијалков немал рецепт за милионите

Продолжи судењето за „Плацевите на Водно“, Мијалков немал рецепт за милионите

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска присуствува на судењето за случајот „Плацевите на Водно“. Минатото рочиште не се одржа, бидејќи неговата одбрана соопшти дека Мијалков е позитивен на Ковид-19. Пред судот на прашањето кој е рецептот за милионите со што се алудираше на неговата гаранција да се брани од слобода во износ од 11 милиони евра тој одговори дека нема такво нешто.

„Немам таков рецепт“, изјави Мијалков пред Кривичниот суд.

Мијалков на 29 декември, минатата година излезе од притвор откако Аплеациониот суд ја прифати понудената гаранција. Според обвинението, чиј застапник е обвинителката Лиле Стефанова, покрај Мијалков, обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева.

Груевски, како што се наведува во обвинението, е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, а неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”. Мијалков, кој е прв братудед на Груевски, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …