топлотен бран

Продолжува периодот на многу жешко време со дневни температури од 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

И во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови.

Максималната температура ќе се движи од 32 до 40 степени Целзиусови, а УВ=9.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …