Инфлација во САД: Седум долари за топка сладолед

Инфлација во САД: Седум долари за топка сладолед

Федералните резерви на САД веќе двапати ја зголемија референтната каматна стапка – но стапката на инфлација е сè уште повисока отколку во еврозоната. Пред сѐ, цените на храната растат. Владата се уште не најде решение.

Во близина на Меморијалниот споменик на Линколн во Вашингтон има комбе за сладолед, од звучниците се слуша музика. И покрај високите летни температури, желбата да се оладат со сладолед кај повеќето туристи не премногу голема: една топка сладолед, имено, чини седум американски долари.

Седум евра за мал сладолед, еден турист од Њујорк и неговата девојка тешко можат да поверуваат во тоа. „Инфлацијата предизвикува луди цени“, вели човекот. Цените во САД во јуни се зголемија за 9,1 отсто на годишно ниво. Особено поскапеа храната и енергијата. „Од средината/крајот на 1980-тите години имавме многу ниски стапки на инфлација во САД“, вели Нил Сандерс од фирмата за економска анализа Глобал дата.

„Во некои случаи имаше дури и дефлација – односно пад на цените – како резултат на глобализацијата, поради оптимизираните синџири за снабдување и напредокот во производството на вештачки ѓубрива и храна.“ Така, зголемувањата на цените во САД сега се шок за многу потрошувачи. „Затоа што не се навикнати на тоа“, вели Сандерс.

Седиштето на американската централна банка- Федералните резерви Седиштето на американската централна банка- Федералните резерви

Највисока стапка на инфлација во последните 40 години

Инфлацијата во САД сега е на највисоко ниво од раните 1980-ти години. И покрај фактот што Федералните резерви на САД веќе двапати ги зголемија каматните стапки годинава и најавија натамошни зголемувања на стапките. Американскиот претседател, Џо Бајден, со недели постојано нагласува дека – борбата против инфлацијата е неговиот најважен проект во економска политика. Тој разбира дека луѓето во САД се загрижени поради високите цени.

Бајден зборува за „данок на Путин“

Бајден зборуваше за „данок на Путин“ на цените на храната и на бензинот во главното обраќање за инфлацијата во Лос Анџелес во јуни. Тој, со тоа сакаше јасно да стави до знаење дека, според него, причините за инфлацијата лежат надвор од САД. Повеќето економски експерти се согласуваат со Бајден: покрај последиците од пандемијата на коронавирусот и нарушените синџири на снабдување ширум светот, тие првенствено укажуваат на руската воена агресија врз Украина. „Навистина не е фер да се обвинува администрацијата на Бајден за високите цени“, вели аналитичарот Сандерс. Без разлика каде гледате, ширум светот има високи стапки на инфлација. „Претседателот на САД е моќна позиција, но не толку моќна за да може да влијае на стапките на инфлација ширум светот’.

Symbolfoto Inflation USA

Растот на цените станува изборна тема

За републиканците и десничарските конзервативни медиуми, постојано растечките цени се совршена муниција за изборната кампања. На помалку од четири месеци пред делумните избори за Конгресот, тие речиси со задоволство го тематизираат ова прашање. Двете главни обвинувања: Прво, Бајден и неговите демократи негираа дека инфлацијата воопшто е проблем, а сега – второто обвинување – не прават ништо. „Луѓето не ги интересира како и зошто растат цените“, вели модераторот Џесе Вотерс од Фокс Њуз. „Луѓето сакаат да знаат кога цените повторно ќе се намалат! Претседателот само вели: Не сум јас виновен, ние се справуваме со ситуацијата. Но, тоа не е точно!“

Ослободување на државните резерви на нафта

Владата на САД противречи на тоа. На пример, таа ги посочува разговорите на Бајден со пристанишните оператори и логистичките компании за решавање на проблемите со синџирот на снабдување. И дека Бајден ослободи делови од државните резерви на нафта со цел да ги намали цените. Всушност, барем цените на горивата во САД неодамна значително паднаа, но тоа не ги менува високите цени на комбето за сладолед до споменикот Линколн во Вашингтон.  Двојката од Њујорк мора да подели топка сладолед. „Седум долари за двајца, по 3,50 од човек. Поаѓам од тоа, дека  тоа е барем најдобриот сладолед на сите времиња“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …