Продолжува периодот на стабилно и сончево време

Продолжува периодот на стабилно и сончево време

Во претпладневните часови од денешниот ден, по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец а највисоката дневна температура ќе достигне 13 степени.

Периодот на стабилно време продолжува и во следните денови. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, поради што ќе се задржи постудено време. Максималната температура ќе се движи во интервалот од 8 до 17 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Градоначалничка понуда – машки свет со „проверени“ кандидати

Градоначалничка понуда – машки свет со „проверени“ кандидати

За повеќе од половина општини во земјава, познат е барем по еден кандидат за локалните …