Промена на времето - попладне и во текот на ноќта, обилни врнежи од дожд

Промена на времето – попладне и во текот на ноќта, обилни врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 л/м2 за 24 часа, а локално и повеќе. Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, денес од југоисточен, а утре од југозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервалот од 16 до 24 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Вкупно 26 тони пилешки батаци без коска зачинети со ризик од птичји грип, 20 тони …