Во нашата земја денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 9 до 21 степен Целзиусов.
