Во утринските часови од денешниот ден, времето ќе биде сончево. Во текот на претпладнето облачноста ќе се зголемува, па попладне ќе преовладува променливо облачно време. Само во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во горниот тек на Повардарието и на североисток повремено засилен ветер од северен правец, што ќе услови благо намалување на дневната температура во однос на претходните денови.
Температурата ќе се движи од 13 до 20 степени Целзиусови.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место