Дождливо време

Променливо време со засилен ветер и врнежи од дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови, ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Дневната температура ќе се движи од 16 до 26 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец а температурата ќе се движи во интервалот од 20 д0 28 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Вкупно 26 тони пилешки батаци без коска зачинети со ризик од птичји грип, 20 тони …