Промовиран Советот за волонтерство на Општина Битола
SONY DSC

Промовиран Советот за волонтерство на Општина Битола

Младински културен центар – Битола и Општина Битола го промовираа Советот за волонтерство на Општина Битола, формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а спроведуван од Младински културен центар – Битола. Градоначалничката Наташа Петровска го поздрави формирањето на ваквиот совет и залагањето за што поширока опфатност на волонтеризмот во денешното живеење.

„Се вклучуваме со конкретни активности кои што се однесуваат на волонтеризмот, нешто што го започнавме неодамна со потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу МКЦ и Општина Битола, а е во функција и насока на јакнењето на културата за волонтеризам помеѓу младите луѓе и на тој начин вклучување во општествената заедница и подготовка за уште поголем придонес во подоцнежната фаза од нивните животи. Ова е добар проект кој што покажува дека не само младите, туку и граѓанството треба повеќе активно да се вклучува во својата општествена заедница и заедно со локалната самоуправа да прави чекори и активности кои што се во функција на подобрување на условите во општината“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На настанот беше промовиран Советот за волонтерство, а свои обраќања имаа Марија Мерковска – координатор на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“, Виолета Налевска – советник за економски развој во Општина Битола и Виктор Илиев, претседател на Советот за волонтерство. Во рамките на овој настан се одржа локалната дискусија на тема „Влијанието на волонтирањето врз заедницата“, чиј фасилитатор беше д-р Сашо Додовски.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …