Трамп

Пронајдени 300 доверливи документи: Трамп сака да ги блокира истражителите

По рацијата во неговиот имот на Флорида, поранешниот претседател на САД бара независна проверка на, како што се јавува, над 300 запленети доверливи документи. Ова може да ги блокира истражителите да пристапат до нив.

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро (ФБИ) во прегледување на материјалите кои пред две недели агенцијата ги заплени во неговата куќа на Флорида, сѐ додека не се именува специјален ополнимоштеник кој ќе ја надгледува оваа работа.

Трамп во тужбата, поднесена во понеделникот во федералниот суд во Вест Палм Бич на Флорида, бара од американското Министерство за правда да му достави и детален список за предметите кои ФБИ ги запленил од неговата куќа во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, како и истражителите да му ги вратат сите оние кои ги надминуваат рамките на налогот за претрес.

Веста во целост можете да ја прочитате на веб сајтот на DW.

Прочитајте повеќе

Европскиот самит во сенка на изборната победа на Трамп

Европскиот самит во сенка на изборната победа на Трамп

Исходот од изборите во САД беше главна тема на самитот на Европската политичка заедница овој …