Проштална средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот на Чешката Република, Томан

Проштална средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот на Чешката Република, Томан

Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија, Мирослав Томан.

На средбата беше констатирано дека двете држави негуваат искрени пријателски односи, воспоставени на заемна почит, доверба и разбирање.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени чешката континуирана и отворена поддршка на нашиот евроинтеграциски пат и притоа изрази увереност за нејзино продолжување со засилена динамика.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на амбасадорот Томан за посветениот ангажман и досегашните дипломатски активности во градењето на одличните релации меѓу двете држави, посакувајќи му натамошен успех на личен и на професинален план.

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …