Првиот човек на НАТО Столтенберг, денеска доаѓа во Македонија

Првиот човек на НАТО Столтенберг, денеска доаѓа во Македонија

Денеска попладне, во официјална посета на Република Македонија доаѓа Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На аеродромот во Скопје, високиот гостин ќе го пречека министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во текот на утрешниот ден, покрај останатите активности и средби, Генералниот секретар ќе го посети и Стајковци, каде ќе има средба со градоначалникот на Гази Баба, после што ќе замине во касарната Илинден каде ќе ги посети војниците и ќе присуствува на показна вежба, како и вежба на припадниците на специјалните сили.

Во 13:15 часот, во Клубот на пратеници Столтенберг ќе има работна средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а еден час подоцна двајцата ќе одржат заедничка прес конференција.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …