Прво учество на македонската веслачка репрезентација на светски виртуелен натпревар во веслање на ергометар

Веслачката репрезентација на Македонија во состав: Климентина Стојмиловска и Кристијан Китаноски, во категорија U17, како и Владимир Голабоски во категорија 19-20, учествуваше на прв светски виртуелен натпревар во веслање на ергометар.

Натпреварот беше организиран од Светската веслачка федерација и се одржа во Торонто, Канада. Во конкуренција на 10 натпреварувачи, македонските репрезентативци Стојмиловска и Голабоски го зазедоа високото шесто место, додека поради технички причини, Китаноски остана без пласман.

„Ова беше прв пат да учествуваме на ваков вид на натпреварување. Се надеваме и очекуваме на следните вакви натпревари да постихнеме поголеми успеси“,изјави селекторот на веслачката  репрезентација, Марјан Влаќески

Прочитајте повеќе

Европскиот олимписки младински фестивал ќе се одржи во Скопје, Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски млади спортисти

„Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на …